Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се трага по изгубено момче од Неготино

/

пред 627 дена

Сподели преку :

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија  за медиумите од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово  пронаоѓање.

Во петокот во СВР Велес рекоа во четвртокот вечерта неговиот татко  пријавил дека син му се оддалечил од домот.

„Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес.

Во изминативе денови на социјалната мрежа „Фејсбук“ има повици за пронаоѓање на 28-годишниот М.Т., кој последен пат бил забележан во кавадаречкото село Марена. Според семејството, заминал на работа во Кавадарци облечен во работничка опрема со црн елек.