Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објавена мапа на движење за денешниот протест „Кој е следен?“

/

пред 620 дена

Сподели преку :

Денешниот протест под паролата – СЕКОЈ ЕДЕН МОЖЕ ДА Е СЛЕДЕН! – започнува  во 17:00 часот на булеварот Партизански Одреди кај Универзална сала.

„Ги повикуваме сите загрижени граѓани да излезат и да го изразат својот револт кон системот, кој одново потфрли. Колку несреќи треба да се случат за одговорните да ја сносат својата одговорност? Колку пати треба да се докаже дека улиците се небезбедни, пред да се интервенира во урбаната инфраструктура? До каде ќе оди прекуното одобрување и возвишување на девијантното однесување?“ стои во соопштението на „Кој е следен?“

„Заедно ќе бараме одговори на овие прашања на денешниот протестен марш. Почнувајќи пред Универзална сала, преку Собрание, Основното јавно обвинителство и завршувајќи пред Кривичниот суд, институциите мора да го слушнат гласот на народот. Освен до институциите, мора да се прати јасна и недвосмислена порака и кон секој од нашето општество, дека дивјачкото однесување МОРА да се осуди и да се направи сѐ, за во иднина да нема потреба од ваков протест“ се додава во соопштението на „Кој е следен?“