Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Активистите испорачаа барања до институциите за борба против аерозагадувањето

/

пред 610 дена

Сподели преку :

Привремена забрана за работа на индуструските погони со висок степен на загадување, додека не инсталираат соодветни филтри и да се направи усогласување со еколошките прописи, контрола на согорување на опасни  и несоодветни материјали во пластениците и индустриските објекти. 24 часовни контроли, користење на рачни мерачи и дронови но и итно затворање на дивите депонии. Ова се сам дел од долгата листа барања што вчера им беше упатена на институциите. Но, пораките на протестирачите не беа само советодавни, туку и предупредувачки.

Екоактивистите велат дека не само што ќе мора да делуваат, институциите меѓу себе треба и да соработуваат за да се постигнат резултати.

Вчерашниот протест го поддржаа сите: локална и централна власт, политичките партии и граѓаните. Но, не изостанаа и препукувањата меѓу нив: кој што направил или не направил за да се намали загадувањето на воздухот.

Активистите велат дека овој протест е предупредување, а ќе следува заострување на нивните реакции и постапки, доколку итно не се почне со спорведување на мерки и контроли против аерозагадувањето.

Сузана Мицева