Во Брисел се одржува неформален Самит на ЕУ, посветен на европската одбрана.
На состанокот, кој се одржува во контекст на руската агресија врз Украина и зголемени хибридни и кибер напади, лидерите на земјите членки на ЕУ ќе дискутираат за зајакнување на одбранбените капацитети на Европа и потребата од поголеми инвестиции во безбедноста.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, истакна дека Европа треба да преземе поголема одговорност за својата одбрана и да ја зајакне соработката со НАТО.
Присутни се и британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кои ќе разговараат за поддршката за Украина и соработката меѓу ЕУ и НАТО.
Целта на Самитот е да се подготви „Белата книга“ за иднината на европската одбрана.











