Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството со тврдење: Од снимките се гледа дека Палевски го вози реното со кое била киднапирана Вања, совозач бил Велибор Манев

/

пред 626 дена

Сподели преку :

Ликот на Љупчо Палевски-Палчо е фатен на камера како го вози Реното кангу од Чаир кон Бит пазар по убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 година. Потоа уште еднаш кај Веро Џамбо во близина на седиштето на партијата „Десна“, каде кобниот ден го завршува своето движење. На совозачкото место бил Велибор Манев во сив џемпер и со црна лента на него. Ова беа дел од доказите на обвинителството презентирани на денешното рочиште.

Обвинителството презентираше и други видеа на кои се гледа движењето на Цитроенот во близина на зградата каде живеело девојчето, дента пред и по нејзиното грбнување и како подоцна во Визбегово му се придружува и Реното Кангу. Двете возила постојано се движат едно позади друго на неколку секунди оддалеченост и се снимени и во селото Горно Оризари, каде во близина е убиена Ѓорчевска. Потоа ги има на камера на пречистителна станица во село Бразда во близина каде е запален Цитроенот. Откако возилото е опожарено на истата камера се гледа само како поминува Реното.

Инаку, од времето на движење на возилата може да се утврди дека Ѓорчевска била убиена пред 9 часот, а не половина час подоцна како што првично се тврдеше.

Беа презентирани и две видеа на кои се гледа како такото на Вања, Александар Ѓорчевски на денот на нејзиното грабнување со неговото возило околу 9 часот се упатува накај Момин поток и потоа попладне од Сарај како вози накај Ѓорче Петров. Одбрана на Ѓорчевски тврди дека видеата не го компромитираат.

Палевски на минатото рочиште бараше изземање на обвинителството, што во меѓувреме беше отфрлено. Неговата одбрана не се согласи, бидејќи не можело самото обвинителство да носи одлука за свое изземање, туку тоа требало да го направи вишото обвинителство. Наредното рочиште е закажано за во петок кога треба да сведочи Гоце Трајковски кој водел паралелна истрага со Ѓорчевски за пронаоѓање на девојчето.

Марија Митевска