Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Катерина Бошкова е нова директорка на детската клиника Козле

/

пред 625 дена

Сподели преку :

Разрешена досегашната директорка на Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Каролина Симоновска. За нова директорка, министерот Таравари ја назначи проф. д-р Катерина Бошковска, супспецијалист по педијатриска пулмологија, која над 20 години е дел од тимот на оваа клиника.

Ваквата одлука на Таравари следува по бројните реакции на Лекарскиот колегиум на клиниката кои бараа итно разрешување на Симоновска која минатата недела даде отказна лекар, бронхоскопист и орл специјалист со долгогодишно искуство.

Сепак „чашата ја прелеа“ начинот на кој Симоновска реагираше со барање до медиумите да не се споменува нејзиното име, презиме и професионалниот ангажман и покрај тоа што се наоѓаше на јавна функција. На ова нејзино барање новинарските здруженија Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија ја потсетија дека јавната функција за која е избрана е предмет на опсервација на новинарите и медиумите и дека со самото тоа што прифатила да извршува јавна должност, прифатила и нејзината работа да биде под лупа на јавноста. Во исто време, ниту таа, ниту кој и да е избран и именуван функционер не може да забрани споменување на нивното име кога се работи за извршување на нивните функции, кои се платени од парите на граѓаните“.

За работењето на Симоновска и претходно имаше реакции на дел од лекарите, кога со писмо до премиерот, министерот за здравство и националниот координатор за здравство бараа таа итно да биде разрешена и детално го образложија свото незадоволство за нејзината работа. Меѓу нив наведувајќи ги распаѓањето на бронхоскопскиот оддел и меѓучовечките несогласувања во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

Нина Стефанова