Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алавес го отпушти тренерот Гаритано

/

пред 2280 дена

Сподели преку :

По поразот од Ваљадолид кој беше петти во низа откако продолжи сезоната во Шпанија, раководството на Алавес реши да му врачи отказ на тренерот Асиер Гаритано.

Тој на клупата на екипата од Виторија дојде во мај минатата година, но поради катастрофалната серија во изминативе три недели мораше да се повлече од функцијата.

До крајот на шампионатот Алавес ќе се бори за опстанок во лигата, а неговиот наследник ќе мора да се именува во најкус можен рок бидејќи следниот натпревар е в петок, а противник е лидерот на табелата Реал Мадрид.