Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

240 лажни дојави за бомби утринава ги испразнија училиштата низ земјава

/

пред 622 дена

Сподели преку :

По едногодишно затишје лажните дојави за бомби повторно ги испразнија улиштата. Наставата беше прекината, учениците евакуирани а полициските службеници правеа проверка, откако во утринските часови на маиловите на основни и средни училишта ширум државата пристигнале заканувачки пораки за поставени експлозивни направи.

Се работи за над 240 лажни дојави за бомби информираат од МВР. министерството за внатрешни работи. Полициски службеници утринава правеле проверки во училиштата и таму каде што немало ризик, наставата е продолжена по краток прекин.

Била побарана и помош од Интерпол, Европол, како и од Хрватска и Унгарија каде минатите недели имало такви закани. Траги, информации и сознанија има, причината допрва ќе се утврдува.

„Секогаш има на некого на кој што не му одговара да бидеме стабилни и безбедни, односно преку едни вакви хибридни или симулација на одредени напади или дојави за да може да направат или да го дефокусираат безбедносниот систем во државата“, вели Александар Јанев од БЈБ.

Веднаш по информациите за дојава за бомби, во министерството за образование и наука е формирана група со цел справување со ситуацијата. Јаневска ги повика раководствата на училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што ги имаат креирано од МОН и дојавите да ги пријавуваат во МВР, а потоа да ги следат протоколите и инструкциите на полицијата.

Освен на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, дојави за поставени експлозивни направи стигнале и во другите градови.

Во 2022 и 2023 година наставата во училиштата низ Македонија со месеци се одвиваше со прекини поради лажни дојави за бомби. Лажни закани беа упатувани и за јавни објекти, трговски центри и аеродроми.

Симона Петровска