Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Стоп за сообраќајното насилство“ – Протестен марш во Неготино

/

пред 614 дена

Сподели преку :

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи денеска во Неготино.

Го организираат другарките на Фросина, а во повикот се вели дека за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот, ќе биде обезбеден бесплатен превоз до Неготино и назад.

Според најавата која се ширеше на социјалните медиуми од Скопје автобусите требаше да тргнат денеска во 11 часот од пред хотелот „Холидеј Ин“, а со поканата се повикуваа учество да земат и студентите.

Фросина Кулакова беше студент по мода, а нејзиниот живот згасна прерано, на 22 годишна возраст, кога преминувајќи прописно на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје околу 23 часот и 45 минути беше прегазена од 20 годишниот Васил Јованов кој кобната ноќ дивеел на скопските улици со возило кое му го купиле неговите родители иако се уште немал возачка дозвола.

Според информациите до сега Васил и претходно имал прекршочни сообраќајни пријави, а еднаш кривично одговарал и за поседување и продажба на дрога.

(ВИДЕО) Протест за Фросина Кулакова во Неготино- трогателни приказни на роднини на жртви во сообраќајни несреќи кои со години чекаат правда