Можни се преговори меѓу Украина и Русија, но само со безбедносни гаранции од западните партнери, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
- Кога би имал уверување дека Америка и Европа нема да не напуштат, туку ќе не поддржат и ќе ни дадат безбедносни гаранции, би бил подготвен за секој формат на преговори, нагласи Зеленски.
Тој истакна дека е можно војната на Русија против Украина да заврши во 2025 година, но за да се случи тоа мора да се зајакнат санкциите против Москва.
Посочи дека Украна нема да прифати замрзнување на конфликтот, што, според него, „само ќе го одложи новиот бран на агресија“.
- Доколку и се дозволи на Русија да ја задржи контролата врз окупираните територии, Путин ќе го сфати тоа како сигнал за неказнивост и за неколку години повторно ќе започне војна. Потребни ни се вистински безбедносни гаранции кои ќе ја оневозможат новата агресија, рече Зеленски.











