Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема регистририран случај од „парацетамол-предизвикот“ во Македонија, според надлежните потребен е навремен аларм

/

пред 619 дена

Сподели преку :

За опасниот Тик Ток предизвик први укажаа лекарите од Швајцарија кон крајот на јануари годинава, кога биле регистрирани неколку случаи кај малолетници. Три од нив  завршиле со сериозни проблеми, кај едно дете можна е и трансплантација на црниот дроб. Засега во Македонија не е регистриран случај со ваков опасен Тик Ток предизвик, но важно е навремено да се алармира јавноста, смета професор Беќаровски.

  • „Засега во старосната популација од 14 до 18 години немаме таков случај. За помалите колку што сум информиран на педијатрија, меѓутоа колегите на педијатрија ги третираат пациентите до 14 години. Кај нас за среќа се уште нема“ изјави проф. д-р Нико Беќаровски, Универзитетска клиника за токсикологија.

Според лекарите важно е да се алармира пред се поради достапноста на парацетамлот, затоа што спаѓа во групата лекови кои може слободно да се купат  без лекарски рецепт и реално контролата е мала.

  • „Јас би апелирал до сите кои што работат со лекови, пред се тие што работат во аптеките во овој период да избегнуваат издавање на поголеми количини на парацетамол доколку се појави некој од оваа популација.  И второ родителите како главно место семејството да поведе грижа, доколку забележат дека нешто вакво се случува отворено да разговараат со децата, бидејќи верувајте со релативни мали количини, 20 до 30 таблети може да настанат сериозни труења“ изјави проф. д-р Нико Беќаровски, Универзитетска клиника за токсикологија.

Во случај родителите да забележат вакво нешто во прво време да се даде медицински јаглен, за да се спречи доколку е во првите два часа по конзумирањето на овие таблети и АЦЦ лек за искашлување што семејствата најчесто го имаат, сепак прво и основно е медицинскиот јаглен, советува професор Беќаровски.

Во меѓувреме се доставени и упатства до училиштата, до МОН и до Педагошката служба за заштита на младите од предизвиците на интернет.  Дали ќе следи забрана за платформата Тик Ток министерот Андоновски со став:

  • “Ние имаме поразличен пристап. Го видовте пристапот со онлајн игрите на среќа. Кога ќе видиме дека тоа е опасност за поширокиот круг граѓани ние пристапуваме кон законски измени и забрана. Истиот пристап ќе го имаме и кон овие апликации. Доколку забележиме дека тоа од инцидент станува редовна практика“ изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

За Андоновски најважно е родителите да ги следат упатствата кои им се дадени на располагање. Само во изминатиов период јавноста сведочеше на неколку тик ток предизвици во кои настрадаа млади луѓе 14-годишното девојче кое за едноминутно видео на тик-ток, пред две години заврши трагично, 17 годишно момче од Волково кое и покрај напорите на лекарите го загуби животот и тоа како последица на тик ток предизвик со качување на цистерна-вагон кога доживеа струен удар.

Нина Стефанова