Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) „Хабитат“: Потребни се инвестиции од 500 милиони евра за енергетска ефикасност во станбениот сектор

/

пред 618 дена

Сподели преку :

Македонскиот станбен сектор има потреба од инвестиции вредни најмалку 500 милиони евра за енергетска ефикасност, покажуваат пресметките на невладината организација „Хабитат“.

Вложувањето може да се врати за пет до осум години, при што би се заштедиле од 30 до 50 проценти од потрошувачката на електрична енергија за ладење и греење во државата.

За таа цел се потребни измени на неколку закони, национални стратегии и фонд за енергетска ефикасност со што всушност ќе заживее проектот за интегрирани услуги за енергетски-ефикасно реновирање на домови, кој е поддржан од ЕУ.

Од министерствата за енергетика и за транспорт ветија поддршка со цел заштита на животната средина и намалување на загадувањето.