Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џонсон и Шифрин донесоа славје за САД во женската комбинација на СП 2025 (ВИДЕО)

/

пред 600 дена

Сподели преку :

Бризи Џонсон и Микаела Шифрин го освоија златото во тимската комбинација во женска конкуренција на Светското првенство во скијање што се одржува во Залбах, Австрија.

Џонсон се натпреваруваше во спуст и оствари време од 1 минута, 42 секунди и 11 стотинки, додека Шифрин настапи во слалом, а оствари време од 58 секунди и 78 стотинки, а со вкупно време од 2 минути, 40 секунди и 89 дојдоа до златото.


Среброто му припадна на швајцарското дуо Лара Гут Бехрами и Венди Холденер со 39 стотинки послабо вкупно време, додека бронзата ја освоија Австријките Стефани Вениер и Катарина Трупе.
Утре на Светското првенство на програмата е машката тимска комбинација. Во четврток и петок на програмата се женскиот и машкиот супер велеслалом, а последната дисциплина на скијачкиот мундијал е слалом, трки што се закажани за викендот.