Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маркетите со маржи над 20 проценти за основните прехранбени производи, 30 проценти кај непрехранбените, увозници-дистрибутери со маржи и до 50 проценти – Митева за извештај на ДПИ

/

пред 618 дена

Сподели преку :

Извештајот на државниот Пазарен инспекторат покажува дека маржата за основните прехранбени производи, како леб, млеко, масло за јадење, во маркетите е над 20 проценти, а кај основните непрехранбени производи (средства за лична хигиена, итн.) е 30 проценти, соопшти владината портпаролка Марија Митева на прес-конференција попладнево.

До петок, како што додаде, е предвидено да се направи дополнителна контрола кај производителите на млеко и млечни производи и меси и месни производи.

Кај увозниците-дистрибутери, рече Митева, се утврдени поголеми маржи во трговијата на големо кои, како што нагласи, се движат и до 50 проценти.

„Ценам дека овие показатели беа причина за владата да ја преземе мерката за ограничување на маржите“, додаде Митева.