ХоризонТелма | Гостин: Јане Николоски | С-01 ЕП.009
„Во најновиот подкаст зборуваме со поранешниот репрезентативен голман на Македонија, Јане Николоски.
За најголемиот срам во историјата на македонскиот фудбал и поразот од Андора, а поранешниот репрезентативец цврсто демантира дека имало местенки.
Николоски зборува за тешките услови во кои моментално се наоѓа ФК Победа, каде последната плата е исплатена уште во месец август 2023 година.
Горан Пандев многу и недостига на македонската фудбалска репрезентација, за која смета дека има светла иднина и ќе биде предводена од Елиф Елмас“.