Украинската влада одобри нов едногодишен договорен систем за воени доброволци на возраст од 18 до 24 години, со потенцијален годишен приход до два милиона гривни (околу 50.000 евра), е соопштено денеска од кабинетот на украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров.
Иницијативата, според кабинетот на Умеров, има за цел да привлече граѓани кои ќе можат да бираат позиција и воена единица, да минат низ интензивна обука и да добијат конкурентни финансиски и социјални бенефиции, пренесува Укринформ.
Доброволците еднократно ќе добиваат милион украински гривни (25.000 евра) и тоа 200.000 гривни (5.000 евра) по потпишување на договор, 300.000 гривни (7.500 евра) по завршување на обука и 500.000 гривни (12.000 евра) по отпуштање од воената единица.
Покрај тоа, ќе добиваат и месечна плата од околу 2.800 евра, како и бонуси за борбени мисии.











