Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тања Чачарова Илиевска и Весна Дамева без став за интерпелацијата

/

пред 617 дена

Сподели преку :

Без став за поднесената интерпелација е и членот на Судски совет, м-р Тања Чачарова Илиевска.

Таа во изјава за медиумите истакна дека ја примила интерпелацијата, но треба добро да ја разгледа и анализира.

–Она што ми падна во очи е дека тоа не е интерпелација за членот Тања Чачарова Илиевска на Судскиот совет, не упатува на интерпелација на Судскиот совет. Се зборува за колективна одговорност, јас не еднаш во моите обраќања кажувам дека одговорноста мора да биде индивидуална и покрај тоа што Судскиот совет е колективно тело. Ние сите гласаме за една одлука и во зависност од гласовите се носи одлука со мнозинството на гласови. Токму од тие причини, потребно е да ја изанализирам“, изјави Чачарова Илиевска.

Без став е и Весна Дамева .

–Интерпелацијата ја добив доцна синоќа и во фаза сум на анализирање на причините генерално на нејзинита содржина и кога ќе го изградам својот став на јавноста ќе и биде соопштено изјави Весна Дамева.