Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

БИБЛ со покана за македонските клубови

/

пред 2280 дена

Сподели преку :

Македонската кошаркарска федерација доби допис од Балканската лига за учество во регионалното натпреварување за следната сезона.

Во писмото стои дека Македонија во БИБЛ лигата може да пријави два клуба кои би биле дел од натпреварувањето кое во новата сезона ќе се игра по нов систем со подобрени финансиски услови.

Планот на организаторот е во регионалната лига да партиципираат екипи од Македонија, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Косово, а се остава простор за пријавување на клубови од останатите балкански земји.

Поради епидемијата со Ковид 19 предвидени се измени во системот и се очекува да се организира лига во која би партиципирале осум до десет екипи, а натпреварувањето ќе се организира на начин да нема дополнителни трошоци и оптоварување на клупските буџети.