Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Кит проголта кајакар кај брегот на Чиле но потоа го пушти: „Мислев дека тоа е крајот“

/

пред 612 дена

Сподели преку :

И пред крајот на овие вести споделуваме еден несекојдневен настан. Грбав кит накратко проголта кајакар крај брегот на чилеанска Патагонија пред брзо да го ослободи неповреден, а сето тоа беше снимено на камера.

Адриан Симанкас веслал кајак со својот татко Дел во Баја Ел Агила, во близина на светилникот Сан Исидро во теснецот Магелан, кога од водата одеднаш се појави кит и неколку секунди го проголтал Адриан заедно со неговиот жолт кајак но потоа го пушти.

Таткото кој бил на само неколку метри, успеал да го сними неверојатниот момент на камерата. „Мислев дека тоа е крајот“, изјави Адријан за Асошиетед прес. „Бев убеден дека ме изеде, дека ме проголта“.

Тој додаде дека всушност сватил што се случило дури откако излегол на површина. Неколку моменти подоцна успеал да доплива до кајакот на неговиот татко. И покрај шокот, и двајцата се вратиле безбедно на брегот, неповредени.