Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избраните функционери ќе може да работат до 67 години, измените на Законот се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ за да се реши проблемот со дефицитот на судии и јавни обвинители

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Собранието на Македонија ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за работни односи. Со новите измени, лицата избрани или именувани од надлежен орган можат да ја продолжат својата функција и по исполнување на условите за старосна пензија, но најмногу до 67 години.

Овие промени се предложени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се реши проблемот со дефицитот на судии и јавни обвинители, што би довело до поголема ефикасност во судските процеси и подобар пристап до правда.

Опозицијата пак, смета дека предлогот е противуставен и го нарушува начелото на еднаквост. Според нив, продолжувањето на функцијата по пензионирањето создава несоодветни правни нееднаквости и отвора можност за злоупотреба на позициите на власта.