Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европскиот парламент заради безбедноста на онлајн комуникациите им препорача на вработените да се префрлат на Тим, Џабер или Сигнал

/

пред 612 дена

Сподели преку :

Европскиот парламент упати известување до својот персонал во кое советува за комуникација да се користат алатките Тим на „Мајкрософт“ или Џабер на „Сиско“, а доколку нивното користење не е можно, тогаш се препорачува употреба на Сигнал.

Ваквата препорака, како што се наведува во дописот до вработените упатен по електронска пошта, се дава поради зголемените стравувања за безбедноста на онлајн комуникациите и со цел да се овозможи подобра заштита на личните податоци и на кореспонденцијата.

Дополнително, ЕП своите службеници ги советува и кои чекори треба да ги преземат за да ги заштита своите комуникации, вклучително и користење на ПИН и активирање на функциите за автоматско бришење на пораките по нивното отворање и за овозможување автоматско безбедносно ажурирање.

Дописот, како што наведува „Еурактив“, следува по хакирањата на телекомуникациската инфраструктура ширум САД, кои почнаа кон крајот на 2024 година и се уште траат.

Но, препораката доаѓа и во време кога ЕУ се повеќе ја нагласува потребата од зајакнување на европскиот суверенитет и намалување на технолошката зависност, па интересно е што Европарламентот го охрабрува својот персонал да користи само алатки за комуникација на компании со седиште во САД.

Инаку, оваа не е прва препорака за користење на комуникациски алатки што се упатува во рамките на ЕУ.

Во декември 2023 година тогашната француска премиерка Елизабет Борн на сите министри и членови на нејзиниот Кабинет им нареди за комуникација да ги користат француските апликации Олвид или Чап, а да престанат ги употребуваат останатите, меѓу кои и ВатсАп и Телеграм.

Пред тоа, во март 2023, Европската комисија забрани инсталирање на ТикТок на службените уреди, забрана кој потоа ја воведе и Европарламентот.