Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Палевски од Турција сакал да замине за Москва

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Главниот обвинет за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски, повторно бара изземање на обвинителите кои го застапуваат обвинението, Жаклина Јосифовска и Ана Стојковиќ, и за шефот на скоспкото ЈО, Гаврил Бубевски обвинувајќи за пристрасност.

Според Палевски обвинителите дозволиле да се фалсификува доказ -телефонска анализа, со кои подоцна лажно сведочел сведокот Ерол Османи.

Имено, сведокот тврдеше дека Палевски требало да дојде на 27 на денот на убиството на девојчето кај него дома да му го поправи парното, но дошол следниот ден и се задржал до пладне.

Палевски објаснува пред судот дека во тој период не бил кај сведокот туку водел поткаст, за што читаше пораки и слики на денешното рочиште.

Обвинува дека ОЈО бришеле докази и фалсификувале податоци од базни станици на Телеком за сведокот да лаже во судот.

  • Јас сум видлив пред камери на поткаст, а не поправам котел во Бутел.

Денешното рочиште продолжи со изведување на докази, фискални сметки на обвинетите.