Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ негираат дека се разговара за промена на химната, СДСМ обвинуваат за дефокус

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Се разговара, но нема договор. Вакви информации стигнуваат од коалицијата „Вреди“, по отворањето на старата тема за промена на државниот грб. Исто како и Касами вчера, денеска и министерот Арбен Таравари со став дека етничките прашања треба да се решаваат во пакет. Тврди дека не е отворена темата за тоа, кој симбол треба да стои на новиот грб.

За СДСМ, сето ова е дефокусирање од главните теми. Тие прашуваат, дали и химната е дел од разговорите, но од ВМРО ДПМНЕ негираат.

Можната промена на државниот грб, пак, од Левица ја оценија како директен удар врз АСНОМ, како конститутивен елемент на македонската република и предупредија дека, со отворањето на овие теми, инстантно ќе го добијат народниот гнев на улица.

Далиборка Демјанска Цветaновска