Агенцијата за национална безбедност започнува со примена на полиграфско тестирање.
Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата.
Законската обврска за примена на полиграфско тестирање е предвидена со основањето на Агенцијата во 2019 година, но поради неспроведување на истата во претходните пет години, негативните реакции и критиките од страна на стручната јавност не изостануваа, се наведува во соопштението до јавноста.
Агенцијата за национална безбедност, понатаму псоочува дека ракува со информации од највисоко ниво на доверливост.
Примената на полиграфот претставува метод за проценка што ќе овозможи селекција на кадар кој ги исполнува највисоките етички и професионални критериуми за работа, проверување на безбедносната подобност на вработените и минимизирање на ризиците од евентуални компромитирачки активности што би ги загрозиле безбедносните интереси.











