Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека на Украина и претстои многу тежок период, па дури и дека опстанокот на земјата е под знак прашање доколку САД ја прекинат поддршката за земјата.
„Веројатно ќе биде многу, многу, многу тешко. И, се разбира, знаете дека во сите тешки ситуации имате шанса, но ќе имаме мали шанси да преживееме без поддршката на САД“, изјави Зеленски во интервју за Ен-би-си њуз.
Иако земјата го зголеми военото производство, тоа но не доволно за да го надомести она што би го изгубила без американската поддршка, додава Зеленски.
Додава и дека не сака да размислува Украина да не биде стратешки партнер на САД, бидејќи тоа ќе го наруши моралот на Украинците.











