Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари најавува можно спојување на четирите партии од „Вреди“ по локалните избори

/

пред 613 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Арбен Таравари најави можно спојување на четирите партии од коалицијата „Вреди“ во една партија после локалните избори во октомври годинава.

За кандидати на „Вреди“ на локалните избори, Таравари вели дека се зборува и се прават анкети за некои имиња.

„Во повеќето општини, каде што мнозинство, односно има шанси и Албанците да победат, повеќе се Албанци, размислуваме за потенцијални кандидати. Меѓутоа, се надевам, кон крајот на март, ќе излеземе и со предлози кои би биле нашите кандидати во одредени општини за идни градоначалници“, вели тој.

Таравари се осврна и на последната одлука на Основниот суд Тетово кој пресуди дека печатите на Алијанса за Албанците и официјално му припаѓаат на Зијадин Села.

Најави дека ќе ја обжали одлуката на Судот бидејќи, како што вели, важно е кој ги има членовите, а не печатите.