Во дербито на 19. коло во Фудбалскиот шампионат на Македонија, Шкендија во Скопје го совлада Вардар со 2:1 и изби на првото место на табелата.
Гостите од Тетово поведоа во 54. минута со погодокот на Бесарт Ибраими.
Во 67. Горан Закариќ во вториот обид со удар од белата точка израмни на 1:1, а конечните 2:1 за гостите ги постави Фабрис Тамба во 76. минута.
ФОТО: Игор Паневски


































