Украинските власти нема да присуствуваат на руско-американските разговори што ќе се одржат во Саудиска Арабија во наредните денови, дознава Би-Би-Си. Владини извор за Би-Би-Си вели дека Украина не е поканета и нема да испрати делегација.
Според информациите двајца од најблиските советници на Трамп за надворешна политика – Мајк Валц и Стив Виткоф – синоќа отпатувале во Саудиска Арабија пред разговорите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано предупредува дека нема да прифати каков било договор без учество на неговата земја. Во Минхен во својот завршен говор на претседавачот на безбедносна конференција, Кристоф Хојсген, одржа емотивен говор кој заврши со солзи.
Тој пред светските лидери предупреди дека нашиот меѓународен поредок заснован на правила е под притисок. Овој поредок е лесно да се наруши, лесно е да се уништи, но многу е потешко да се обнови, рече тој.











