Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио: Ако почнат вистински преговори, треба да се вклучат Украина и Европа

/

пред 609 дена

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Марко Рубио порача дека и Украина и Европа треба да бидат вклучени во преговорите за ставање крај на војната со Русија, а ваквата негова изјава доаѓа откако во јавноста се појавива стравувања дека САД и Русија ќе водат само билатерални разговори.

Доколку се започнат вистински преговори, а тие се уште не се започнати, но кога ќе започнат, Украина ќе биде поканета бидејќи тие се оние кои беа нападнати“, изјави Рубио за американската телевизија Си-Би-Ес.

И Европејците исто така ќе бидат вклучени затоа што воведоа санкции кон Путин и Русија и тие се вклучени во сето ова, рече Рубио, предупредувајќи нагласувајќи дека преговори  „се уште нема“. Американскиот државен секретар во моментов е во Ерусалим, каде што одржа прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Оттаму, тој патува во Саудиска Арабија за да се сретне со руските претставници, заедно со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и советникот за национална безбедност Мајк Волц. Рубио во интервјуто не кажа кој ќе биде во руската делегација и кога точно ќе започне средбата. На преговорите во Саудиска Aрабија нема да присуствуваат ниту украински ниту европски претставници.