Хамас ја изрази својата подготвеност да го предаде Појасот Газа на палестинските власти, се вели во извештајот кој го објавува „Ерусалим пост“. Според овие информации, Хамас изјавил дека нивните државни службеници би можеле „да се реинтегрираат во новата администрација или ќе се пензионираат, со гаранција дека ќе им бидат исплатени платите.
Други извори пак тврдат дека Хамас ја донел оваа одлука „по значителен египетски притисок врз делегацијата на Хамас што го посети Каиро“. Израел денеска ќе испрати делегација на работна група во Каиро за да преговара за договор за заложници и прекин на огнот, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.
Делегацијата ќе ја предводи координаторот за заложници и исчезнати лица, бригадниот генерал Гал Хирш, заедно со функционер од израелската безбедносна агенција Шин Бет, познат по кодното име „М.“. Тимот ќе разговара за спроведувањето на првата фаза од договорот за заложници, во која се очекува ослободување на шесте преостанати живи заложници.











