Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е подготвен да испрати војници во Украина за да го гарантира мирот по евентуален договор. Во статија објавена во „Дејли телеграф“, тој нагласува дека тоа ќе се направи ако е неопходно за безбедноста на Велика Британија и Европа.
Стармер истакна дека кризата во Украина е егзистенцијално прашање за Европа и дека Британија има клучна улога во поддршката за Киев. Тој додаде дека Британија ќе продолжи да издвојува средства за одбрана и ќе се сретне со американскиот претседател во наредните денови за да ја зајакне соработката помеѓу Европа и САД.
Откако Стармер изјави дека Велика Британија е „подготвена“ да испрати мировни трупи во Украина, пратеникот од демохристијанската партија во германскиот Бундестаг, Јирген Харт, изјави дека Германија најверојатно ќе биде дел од таков план.
Се огласи и шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенергард, која рече дека Шведска не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина како дел од „некаков вид повоена мировна мисија“.











