Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запрен е четиригодишниот пад на поддршката за ЕУ во Македонија, за ЕУ би гласале 62%

/

пред 612 дена

Сподели преку :

Расположението на македонските граѓани за членство во Европската унија (ЕУ) останува константа споредено со лани, но е за 20 проценти помало отколку пред 10 години.

Ова го покажува компаративната анализата на Институтот за демократија за јавното мислење за македонскиот процес на пристапување од 2014 до 2024 година, при што последната анкета, спроведена од октомври до декември 2024 година, на репрезентативен примерок од 1.056 испитаници, покажува дека четиригодишниот пад на поддршката за процесот на европска интеграција е запрен.

Доколку следната недела се одржи референдум за членство во ЕУ, „за“ би гласале 62 проценти до граѓаните. Неопределените и апатичните испитаници сочинуваат четвртина од популацијата.

Една четвртина од населението смета дека е направен минимален напредок кон ЕУ во изминатава година, додека 34 проценти од испитаниците се со став дека воопшто не е направен напредок во пристапниот процес. За 11 проценти земјата назадувала на патот кон ЕУ.

Економските очекувања остануваат главна причина за поддршка за членството во Унијата.

За 13 проценти е зголемен процентот на граѓани кои во опструкциите од соседите гледаат главна пречка за напредокот на Македонија, споредено со минатата година и сега е 43 проценти, додека неспроведувањето на домашните реформи од главна причина во минатогодишната анкета, годинава како причина е на второ место со 32 проценти или 12 проценти помалку од лани.

Анкетата покажала промена во поддршката кај приврзаниците на владеачката ВМРО-ДПМНЕ за членство во ЕУ. Па така од минатогодошните 43 проценти, поддршката годинава е зголемена на 55 проценти, процентот против ЕУ кај приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ останува константен на околу 20 проценти. Кај приврзаниците на СДСМ поддршката за ЕУ останува екстремно висока со 96 проценти во 2024 година. По етничка линија, поддршката за ЕУ е поголема кај етничките Албанци со 82 проценти, наспроти 56 кај етничките Македонци.

Тамара Грнчароска