Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сака мир во Украина до Велигден – Блумберг за порака што ја упатил Трамп до европските политичари

/

пред 612 дена

Сподели преку :

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да постигне договор за примирје во Украина до Велигден, кој оваа година е на 20 април, дознава Блумберг, повикувајќи се на извори запознати со ситуацијата.

„Администрацијата на Трамп им порача на европските функционери дека сака да обезбеди примирје до Велигден“, наведува Блумберг, цитирајќи изјави на официјални лица.

Некои од нив, сепак, се скептични во остварливоста на таквата цел, нагласувајќи дека ритамот на преговорите кои треба да започнат оваа недела во Саудиска Арабија, со учество на високи американски и руски претставници, е амбициозен и потенцијално нереален.

„Многу поверојатно е дека решение би можело да се постигне до крајот на оваа година“, се наведува во извештајот, повикувајчи се на дополнителен извор. Белата куќа не даде коментар на таквата објава на Блумберг.

Трамп ги започна своите мировни напори во минатата недела со телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. На тоа, европските партнери останаа затечени кога новиот американски министер за одбрана изјави дека европските земји ќе бидат одговорни за давање на безбедносни гаранции и мировни сили во Украина по постигнувањето на договор.

Блумберг цитира и европски политичари кои сметаат дека таквата американска стратегија би можела да оди во корист на Путин, бидејќи Трамп се согласил на значајни отстапки дури и пред почеток на преговорите.