Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дранго неделава на распит, обвинителството влезе во неговиот дом

/

пред 611 дена

Сподели преку :

Заменик директорот на „Македонијапат“, деновиве треба да биде повикан на распит во Основното јавно обвинителство во Битола поради сомнежите дека вршел лов на мечка, животно кое е строго забрането за ловење и под законска заштита.

Сомнежот дека го сторил делото ко разгореа фотографиите објавени на социјалните медиуми на кои тој со ловечка пушка со снајпер позира покрај мртвото животно.

Битолското обвинителство извршило претрес во неговиот дом  а што е најдено при претресот во Демир Хисар засега не се знае.

Според податоците од претходно на СВР Битола, тој уште од 2018 останал без дозвола за поседување оружје па сега се поставува прашањето чија е пушката со снјаперски нишан, која Дранго ја држи в рака на спорната фотографија, и дали нашле оружје во неговиот дом по нецели два месеци од инцидентот.

Првично Дранго тврдеше дека тој не ја застрелал мечката и дека бил повикан на терен за отстранување на животното кое било удрено од автомобил но од полицијата во периодот кога е објавена фотографијата немало пријави за таков случај.

На крајот на јануари и премиерот Христијан Мицкоски рече дека не верува во приказната на Дранго за убиената мечка.