Официјален претставник на Хамас изјави дека има голема шанса да ослободат шест заложници во сабота. Израелските медиуми пишуваат дека во тек се преговори, а тие зависат од цената која Израел е подготвен да ја плати, изјави неименуван претставник на Хамас, кој го пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека Хамас во моментов бара од Израел да се согласи да преговара за втората фаза од договорот за размена на заложници, како и да обезбеди гаранции за хуманитарни прашања и да дозволи испорака на мобилни домови и тешка градежна опрема во Газа.











