Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Блумберг“: Саудијците предложиле и Зеленски да биде во Ријад, Американците и Русите ги одбиле

/

пред 608 дена

Сподели преку :

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман предложил и украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува на денешната средба меѓу високи претставници на САД и Русија во Ријад, но и американската и руската страна го одбиле тоа и инсистирале на состанок без украинско присуство, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извор кој е упатен во ситуацијата.

Изворот додал дека Бин Салман планира да го извести Зеленски за улогата на Кралството во организација на состанокот и за своите разговори со американските и руските претставници.

По денешната руско-американска средба во Ријад, Зеленски објави дека ја одложува посетата на Саудиска Арабија.

„Не бевме поканети на овој руско-американски состанок во Саудиска Арабија. Не сакам никакви случајности, па не одам во Саудиска Арабија“, изјави Зеленски и додаде дека неговата планира посета ја одложува за 10 март.