Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ниту еден европски војник нема да биде испратен во војната во Украина, порача германската министерска за надворешни работи

/

пред 607 дена

Сподели преку :

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека дебатата за можно испраќање на европски мировни сили во Украина е „преуранета“.

Ниту еден војник нема да биде испратен во овој жесток конфликт, изјави Бербок за германскиот јавен сервис ЗДФ, пренесува агенцијата ДПА.

Во европските земји се отвори дебата по едностраното соопштение на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни преговори за војната во Украина.

Трамп и други високи американски претставници потврдија дека САД нема да испратат свои воени трупи во никаков мировен аранжман во Украина.

Бербок нагласи дека „одржувањето на мирот е европска задача“ и дека за каков било договор за Украина не може да се преговара без учество на Украина и европските партнери.