Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовското специјално обвинителство побара од судот да му наложи на Курти да сведочи во случајот со државните резерви

/

пред 607 дена

Сподели преку :

Специјалното обвинителство на Косово поднесе барање до Основниот суд во Приштина да му наложи на премиерот на Косово, Албин Курти, да сведочи во тоа обвинителство во врска со случајот со државните резерви.
Порталот „Заклетва за правда“ во вторникот објави дека барањето до судот било поднесено минатата недела, пренесе Бета.

Досега Обвинителството трипати по ред го повикуваше премиерот Албин Курти, но тој не одговори позитивно на ниту еден од повиците.

Доколку судот го прифати барањето, Курти мора доброволно да дојде да сведочи, во спротивно ќе биде казнет по закон со парична казна, а премиерот може дури и да биде приведен.

Доколку Курти не се појави на датумот што го одреди судот, на полицијата ќе и биде доставен налог за негово апсење за да даде исказ.

Специјалното обвинителство на Косово го повика Курти како сведок да ја претстави неговата верзија за настаните во врска со злоупотребата на државните резерви, во кои осомничени се бизнисменот Ридван Мухареми и претставници на Министерството за трговија и индустрија Ирфан Липовица и Хафиз Гара. Обвинителството ја сомничи и шефицата на тоа министерство Розета Хајдари со која веќе разговараше.