Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека украинската војска е доволно отпорна, додавајќи дека големо мнозинство на Украинци нема да поддржат отстапки кон Русија.
„Војската е прилично отпорна, најотпорна во Европа. Ни гарантира можност да разговараме достоинствено и рамноправно со другите партнери, сојузници или оние кои не се тоа“, изјави Зеленски за украинската телевизија.











