Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рокас: Добредојдена е американската помош за забрзување на пристапувањето

/

пред 608 дена

Сподели преку :

САД е близок партнер на ЕУ и доколку тие се подготвени да придонесат на некаков начин за забрзување на пристапувањето на земјите-кандидати во ЕУ, тоа е додбродојдено. Ова е одговорот на евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас, на прашањето за втората посета на премиерот, Хрситијан Мицкоски на САД во рок од еден месец.

Пред еден месец Мицкоски присуствуваше на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател и имаше средби со новата американска администрација, а деновиве тој е повторно во Вашингтон, но сега како учесник на Конференција на Атлантскиот совет.

Во обраќањето кое Мицкоски го имаше вчера Конференцијата на Атлантскиот совет тој изјави дека приказната за европската интеграција, за Македонија, има најголем приоритет, но не испушти да упати критики, за како што ја нарече „балканизацијата на Европа“ и злоупотребувањето на институциите во Брисел за решавање на билатерални прашања, како што е проблемот кој земјава го има со Бугарија околу уставните измени.

Мицкоски во критиката до ЕУ за односот кон Македнија отиде и чекор понатаму и го поздрави обраќањето на американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, на Минхенската безбедносна конференција, во кое тој ја обвини Европа за напуштање на основните вредности – демократијата и слободата на говорот, ја нападна за политиката кон мигрантите, екскомуникација на крајната левица и десница, што европските мејнстрим политичари од најмоќните држави го оценија како мешање во внатрешните работи, а Русија пак го поздрави.

Тој рече неколку работи кои се наша реалност, кои ги живееме. Некои во публиката реагираа негативно. Велеа ова е мешање во домашните работи на суверени држави. Тогаш јас се прашува – менувањето на името, знамето, валутата, Уставот, што е тоа? Не е тоа мешање во домашни работи? И сите тие настани беа поддржани од истите тие луѓе кои беа негативни, според моето скромно мислење, за многу јасниот, искрен и отворен говоро на потпретсетаделот Џеј Ди Венс, рече Мицкоски на Конференција на Атлантскиот совет.

Мицкоски освен на Атлантскиот совет, во Вашингтон, како што најави на фејсбук, ќе се обрати и на Конференција за конзервативна политичка акција, во која учествуваат и премиер на Словачка, Роберт Фицо, британскиот радикал Најџел Фараж, Џордан Бардела предводник на екстремната десница во Франција, заедно со Марин Ле Пен.

Евроамбасадорот Рокас пак денеска со став дека ЕУ ќе мора да одговори на јакнење на крајната десница и таквите наративи во ЕУ, но и во земјите-кандидати, вклучително и Македонија, по доаѓањето на Трамп за претседател во САД.

Нема сомнение дека ние ќе мора да им дадеме одговор на нашите граѓани. Тие се загрижени, гледаат што се случува во светот и тие се загрижени дали ЕУ е подготвена да се соочи со новото геостратешко опкружување и исто така и безбедноста и економијата и дали се компетитивни, изјави Рокас.

Рокас притоа рече дека европските лодери им приоѓаат на овие згрижености многу сериозно и дека деноноќно работата на тоа Европската унија и нејзините членки да одговорат, што според Рокас е најдобриот начин да се одговори на крајната десница, како во ЕУ, така и во Северна Македонија.

Тамара Грнчароска