Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајден труп при извршување градежни работи на Мега паркот во Штип

/

пред 607 дена

Сподели преку :

Претпладнево е пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот „Иднина“ во Штип. Засега не може да се утврди дали станува збор за машки или женски труп.

На оваа локација се наоѓа поранешните бунарски систем за снабдување со вода за пиење на градот Штип.

Трупот е откриен при активности на градежните машини на фирмата која е анагажирана за изградба на Мега паркот, кој треба да се простира покрај пешачката и велосипедската патека крај реката Брегалница.

Во тек е увид од страна на полицијата и јавен обвинител.