Двесте десничарски екстремисти се судрија со околу 1.000 левичарски демонстранти во Берлин на ден пред изборите во Германија. Полицијата мораше да уоотреби солзавец против левичарите кои во неколку наврати ја блокираа рутата по која се движеа десничарите, а во еден момент успеаја и да го пробијат полицискиот кордон.
Десничарските есктремисти излегоа на протест, барајќи заострување на политиката кон мигрантите и азилантите. Нивното изразување на незадоволство доаѓа по два дена од нападот со нож на Сириец врз шпански турист во центарот на Берлин.
Според полициски извори, приведени се неколку во инцидентите и протестите кои минале без повредени или жртви.











