Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одермат во Кран Монтана дојде до осмата победа сезонава (ВИДЕО)

/

пред 588 дена

Сподели преку :

Швајцарска доминација на домашен терен во супер велеслалом во Кран Монтана. Марко Одермат и Алексис Монеј на првите две места на подиумот. 

Одермат до својата 45-та победа во кариерата, а осма оваа сезона дојде со време од 1 минута, 23 секунди и 53 стотинки. Зад него финишираше сонародникот Монеј со 28 стотинки послабо време, додека Италијанецот Доминик Парис беше трет со 39 стотинки послабо време од победникот. 

Одермат е лидер во супер велеслалом со 360 бодови, а исто така е прв во генералниот поредок каде има 1 246 бодови или 500 повеќе од второпласираниот Хенрик Кристоферсен од Норвешка. 

Следниот викенд скијачите ќе се натпреваруваат во Словенија на Крањска Гора во велеслалом и слалом.