Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиерот уверува: Владата е стабилна, вработувањата на Меџити нема да се остварат

/

пред 606 дена

Сподели преку :

Владината коалиција е стабилна, односите меѓу партнерите се одлични, а различните мислења не се несогласувања, дециден е премиерот Христијан Мицкоски. Судирот меѓу министерот за јавна администрација Горан Минчев од ЗНАМ и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, околу евентуални партиски вработувања, премиерот ги окарактеризира како обид за зголемување на рејтингот во јавноста.

Меџити на партиски настан најави 3.000 вработувања на етнички Албанци на што реагираше министерот Минчев кој му порача дека се однесува како „Алиса во земјата на чудата“, бидејќи  вработувањата во администрацијата се одвиваат според процедура.

Премиерот, пак, нагласи дека законот за правична застапеност ќе биде системско решение и дека нема да дозволи списоци со вработувања по партиски или етнички клуч.

Опозициската СДСМ денеска обвини дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од скандалот со најавата за вработувања по етнички клуч.

Премиерот потврди дека на вицепремиерот и министер за животна средина Меџити не му се одземени никакви ингеренции и дека тоа е лажна вест што ја пласира ДУИ за да ги оствари своите дневно-политички цели.

Огнен Чанчаревиќ