Демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ), чиј адут за канцелар е Фридрих Мерц, освоија 29 отсто од гласовите на денешните вонредни парламентарни избори во Германија, покажуваат првичните излезни анкети.
На второто место е Алтернатива за Германија (АфД) со 19,5 отсто гласови, додека Социјалдемократите (СПД) на канцеларот Олаф Шолц се трети со 16 отсто гласови. „Зелените“ се четрвти со 13,5 отсто гласови.











