Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цела ноќ летал над Атлантикот, на крај принудно слетал во Рим – американски авион со 285 патници се спушти на аеродромот Фјумичино поради закани за бомба

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Авион на „Американ Ерлајнс“ со 285 патници, на лет од Њујорк до Делхи, бил пренасочен кон аеродромот Фјумичино во Рим поради закана од бомба, пишува РАИ.

Леталото од типот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ бил над Каспиското Море, кога изведе маневар за да смени правец и да се насочи кон аеродромот во италијанската престолнина.

Авионот ја прелете Пулја, изведе маневар за спуштање во височина, а потоа слета без проблеми на пистата 1 на аеродромот Фјумичино, попладнево 17:22. Авионот е забележан како како доаѓа во придружба на два воени ловци, јавува РАИ.

На летот биле 285 патници. Авионот полетал вчеравечер во 20:30 часот по локално време од аеродромот „ЏФК“ во Њујорк кон главниот град на Индија. Податоците кои ги дава интернет страницата „Флајт Радар 24“ потврдуваат киднапирање.

Авионот цела ноќ летал над Атлантикот, а откако ја прелетал Европа, се упатил кон Црното Море, потоа и кон Каспиското Море, наведува РАИ.