Десет минути пред почетокот на седницата, која беше закажана за 10 часот, пред зградата на Градското собрание во Нови Сад, демонстрантите почнаа да скандираат и да фрлаат со јајца кон зградата на Собранието и полицијата.
Полицијата употреби штитови за да ги потисне насобраните граѓаните и демонстрантите.
Оградата која претходно беше поставена пред собраниската зграда беше поместена, а демонстрантите дојдоа од другата страна.
Протестот беше закажан за 9:30 часот, а неговата цел е да се изрази незадоволство од обидот на владејачката партија да избере нов градоначалник, од своите редови.
Жарко Миќин, кандидатот за градоначалник, е советник во Градското собрание од листата на Александар Вучиќ и е еден од најблиските соработници на Милош Вучевиќ.
Опозицијата тврди дека изборот на Миќин е неприфатлив, бидејќи нема доволно поддршка од граѓаните на Нови Сад.











