Полицијата денеска уапси раководителка во железницата на Србија, со седиште во Белград, во рамки на антикорупциската акција поради уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Српските медиуми пренесуваат дека таа била уапсена од припадници на Управата за криминалистичка полиција.
Во акцијата, која се спроведува по наредба на Одделот за антикорупција на Вишото јавно обвинителство во Белград, се уапсени уште неколку други лица.











