Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Европа треба да ја преземе главната улога во обезбедување мир во Украина

/

пред 601 дена

Сподели преку :

Европа треба да ја преземе централната улога во обезбедувањето на безбедноста за Украина, а трошоците за мирот не треба да бидат само на товар на САД порача американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката пресконференција со францускиот претседател Емануел Макрон по средбата во Вашингтон.

Тој исто така порача дека мирот треба да го обезбеди суверенитетот на Украина. Трамп ја повтори својата желба да ги врати средствата што САД ги потрошиле за поддршка на Украина, тврдејќи дека износот надминува 300 милијарди долари. Меѓутоа, според достапните податоци, САД всушност потрошиле околу 120 милијарди.

Американскиот претседател исто така нагласи дека Путин ќе се согласи европски мировници да бидат распоредени во Украина доколку биде постигнат договор за прекин на огнот.

Исто така нагласи дека америка е многу блиску до договор со Украина за користење на ретките минерали како еден вид на компензација за досегашната американска помош.