Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: САД би можеле да соработуваат со Русија за ретките минерали

/

пред 601 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин им понуди на САД можност за заедничко истражување на наоѓалиштата на ретки метали „доколку покажат интерес“. За време на интервјуто за државната телевизија, Путин рече дека Русија има „значително повеќе ресурси од ваков вид од Украина“ во неговиот преглед на идниот економски договор меѓу двете земји.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека се планирани „големи трансакции за економски развој со Русија“. Неколку часа по изјавата на Трамп, Путин претседаваше со состанокот со неговите министри и економски советници за користењето на ретките метали.

Путин преку видео врска ги повика официјалните лица да го зголемат производството, што тој го опиша како стратешка резерва од витално значење за идната конкурентност и економски развој на Русија.

Путин сугерираше и дека е подготвен на намаливање на воените буџети на Русија и САД за 50 отсто велејќи дека намалувањето на трошењето за 50 отсто би била „добра идеја“, со што би можело да се направи значаен чекор кон намалување на воениот буџет и негово пренасочување на други приоритети.